Бугарија инсистира РС Македонија да го спроведе потпишаниот Договор за соработка, добрососедство и пријателство, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов за Бугарската национална телевизија (БНТ).
– Бугарија е државата која отсекогаш и помагала на Македонија. Ние први ги признавме, им помогнавме финансиски, ги помагавме и воено за време на југословенското ембарго. Очекувавме колегијален однос, но добивме задкулисни игри, нагласи Каракачанов, кој е и лидер на партијата ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД).
Како што јави БГНЕС, според него, како и во целата своја 125-годишна историја, така и сега, партијата ВМРО „ја брани бугарштината“.
– Важно е да прекинеме со практикувањето на говорот на омраза, додаде Каракачанов.