Нема моќ која ќе ме натера да ја викам внука ми „тоа“, за мене таа е девојка затоа што е женско.

Вака бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов одговори за предлогот на Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом во Конгресот на САД, според кој треба да се укине родот во говорот кој алудира на разлики меѓу машките и женските.

Каракачанов во интервју за радио К2 вели дека тоа се експерименти со кои децата не се едуцираат со традиционалните вредности.

Извинете, но ние не живееме во некој советски концентрационен логор, каде што луѓето немаат пол, немаат имиња, немаат етничка припадност и религија, а имаат затворски броеви. Ние не сме во хитлеровски или советски логор! Внука ми ќе ми биде девојче затоа што е родено девојче. За мене ќерка ми секогаш ќе биде моја девојка затоа што ја воспитав како девојче и таа се остана жена што ја роди мојата внука, вели Каракачанов.

Ако помине предлогот на Пелоси веќе нема да има татко, мајка, син, ќерка, сопруга, сопруг, брат, сестра, баба, дедо, тетка, вујко, внука, внук, маќеа, очув, посинок, маќеа, свекрва, свекор, или кој било друг семеен поим на кој можете да помислите. На нивно место ќе бидат родител, родител на дете.