Скопје смета дека со поддршката од некои меѓународни фактори Бугарија ќе клекне на колена, коментира бившиот бугарски вицепремиер Красимир Каракачанов за актуелните случувања околу ветото на Бугарија за Македонија во ЕУ.

– Скопје, очигледно, не сака да го исполни овој договор. Смета дека, со оглед на поддршката од неколку меѓународни фактори, Бугарија е должна да клекне. Погледнете ги реакциите на скопските политичари. Тие се однесуваат како ние да сме кандидати и да им се молиме на нив, а не тие. Речиси како да е дојдено прашањето до таму да ни објават војна, бидејќи ние сме некакви уценувачи. Крадците на бугарската историја се во Скопје, вели Каракачанов.

Тој додава дека кога бил на местото на премиерот Кирил Петков, ќе ги прекинел преговорите со Македонија.

– Кога ќе бидете подготвени да ги исполните условите или сте ги исполниле, повелете – продолжуваме да разговараме. А не да одиме да се молиме, додаде Каракачанов.