„Заедничката Комисија за историските прашања меѓу Бугарија и Македонија не работи“, тврди вицепремиерот и лидер на бгугарското ВМРО Красимир Каракачанов.
„Три дена скопската страна одбива да го признае очигледниот, документиран и признат од самиот Гоце факт дека војводата е Бугарин по народност“, пишува Каракачанов во соопштение од името на ВМРО-БНД.
Македонците признаа дека Гоце Делчев е роден во егзархиското населено место – Кукуш дека бил егзархиски учител, но заборавија чија била Егзархијата. Тие го заборават, исто и така, искажувањето на Гоце Делчев во неговото писмо до Никола Малешевски: „… кога сме си Бугари и сите страдаме од една заедничнка болест”.
Според Каракачанов, таа болест била – поделбата. Но, денес, во Скопје имало луѓе кои ги барале овие поделби.
Освен тоа, Македонците само нè користеа за да дојдат до ЕУ и НАТО.
„Додека Бугарија бара соработка и заедничка корист, елитата во Скопје … се обидува да ни ги замчка очите, за да си ја истераат работата за НАТО и ЕУ”, се наведува во соопштението на Каракачанов.
Тој вели дека Комисијата очигледно не работела, бидејќи цело време се турка поделбата меѓу „македонско” и „бугарско”. Имаше предлози дека во тоа време се работело за различни народи.
„Како резултат од работата на комисијата се нуди заеднички да се слави 7 октомври – денот, кога коските на Гоце Делчев биле предадени од комунистичката власт во Софија на Скопје. Биле споменати и други можни датуми, но без никаква конкретна и без никаква намера заеднички да се слави раѓањето и смртта на Делчев.
„За мене ваков предлог е отворено исмејување, што всушност го минира процесот на подобрување на односите меѓу двете земји”, вели Каракачанов.
Според него, досега процесот на помирување со Скопје се должи најмногу на великодушноста на Бугарија и на посветеноста на меѓународни фактори.
„Но, очигледно, време е Бугарија да ја зацврсти својата позиција, слично како грчката страна“, вели Каракачанов.