КАРАКАЧАНОВ ПАК ПРОВОЦИРА: Честитка со карта на која Македонија е во голема Бугарија

/ 09.03.2021

Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов и 8 Март го искористи за нова провокација кон Македонија.

Тој на социјалните мрежи објави фотограгија на тн. голема Бугарија на која се наоѓа и територијата на Македонија.

-Традиции, семејство и чесност. Бугарија над се, напиша Каракачанов.

На оваа фотографија коментираа низа корисници на социјалните мрежи, меѓу кои и голем дел македонски граѓани. Оценуваат дека со ова Бугарија покажува дека има територијалните претензии кон други држави, вклучувајќи ја и Македонија.

 


Од истата категорија