Вицепремиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов продолжуве со провокациите кон Република Македонија.
Тој во изјава за државната ТВ БНТ изјави дека „Софија не ѝ ставила вето на Македонија, туку дека само оставила простор преговорите да почнат кога земјава ќе се подобрела“.
Каракачанов ги повика политичарите „македонската историја да ја градат врз основа на автентични факти“.
-Тука од југословенско време населенето се обучува да мрази, се воспитува на омраза кон Бугари, Албанци и Грци, љубов имаат само кон Белград и кон Србите. Се друго треба да биде мразено. Ние сме за нив Татари, фашисти и окупатори….Ќе излезе дека Македонците постојат од времето на апостол Павле, а дека Исус Христос бил Македонец. Само ние Бугарите сме некакво долно племе, вели Каракачанов меѓу другото во интервјуто за ТВ БНТ.