Доцна стигна Марко на Косово Поле, реагира универзитетската професорка д-р Тања Каракамишева на се погласниот „патриотизам“ на бившиот министер за надворешни работи, бивш вицепремиер и потписник на договорот со Грција

– Доцна стигна Марко на Косово поле! Што мислеше @NDimitrovMK кога ја потпишуваше Преспа? Целта на Преспа од самиот почеток беше создавање нов народ со нова историја и идентитет со ТВОЕ ЗНАЕЊЕ! Не туку сега врти на патриотизам! Предавството од Преспа е почетокот на крајот на Македонците и ТИ ТОА ГО ЗНАЕШЕ! Затоа Преспа мора да се поништи!-реагира Каракамишева во објавата на својот профил на Фејсбук.

Како што е познато, Димитров е потписник на Договорот во село Нивици, по кој беше променето уставното име на Република Македонија и избришан античкиот дел од историјата на Македонија.

Димитров, во последно време, се погласно „свири на патриотски жици и емитува патриотски ноти“. Тој вчера реагираше и на употребата на придавката „северномакедонци“, кованица која ја роди токму договорот што тој го потпиша.

(Д. Г.)