Професорката по уставно право на скопскиот Правен факултет „Јустинијан Први“ со повик на социјалните мрежи за жалбата упатена до Обединетите нации во врска со промената на името и идентитетот. Таа ги повикува сите Македонци ширум светот да се активираат во битката и да го пратат „отвореното писмо“ на сите можни емаил адреси, на Фејсбук, и на другите социјални мрежи.
„Во ЖАЛБАТА и во ОТВОРЕНОТО ПИСМО, пишува дека со преговорите за името, директно и флагрантно се нарушуваат основните човекови права и слободи, и сторување злосторства против човештвото, на милиони македонци ширум светот, имено:
Одрекување на правото на самоопределување утврдено како апсолутно право на секој народ, согласно Член 1 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права;
Отфрлање на достоинството на човекот, според член 1 од Универзалната декларација за човекови права и член 1 од Повелбата за основни права на Европската унија;
Негирање на личниот интегритет, според член 3 од Повелбата за основни права на Европската унија и според член 8 од Европската конвенкција за човекови права;
Дискриминација врз основа на јазикот и националното потекло, како и врз меѓународниот статус на земјата, според член 2 од Универзалната декларација за човекови права;
Одрекување на културните права, според преамбулата и членовите 1, 3, 6 и 15 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права;
Намерно уништување на културното наследство, како што е дефинирано во Дел II од Декларацијата на УНЕСКО за намерно уништување на културното наследство;
Понижувачки и нехуман третман согласно Член 3 од Европската Конвенција на Човекови Права и и член 4 од Повелбата за основни права на Европската унија;
Тортура согласно Член 1 од Конвенцијата против тортура и други сурови, нечовечни или понижувачки третмани или казнувањa;
Злосторства против човечноста, согласно член 7 од Римскиот Статут на Судот за меѓународни злосторства;
Геноцид, согласно член 2 од Конвенцијата за спречување и казнување на геноцидни злосторства, и во согласност со член 6 од Римскиот Статут на Судот за меѓународни злосторства.“
Писмото може да го најдете на следниот линк: https://www.facebook.com/notes/%D1%82%D0%B0%D1%9A%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D1%88%D0%B5%D0%B2%D0%B0/%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE/1814571818626713/