Каратистите на Макпетрол, Стефан Стојановиќ јуниори -76 кг и Марија Петровска јуниорки -48 кг освоија бронзен медал на 29. издание од карате турнир „Кроација Гранд при“.
Тренерот Бошко Заборски е задоволен од настапите на неговите избраници.
– Овој турнир е сигурно најмасовен и најквалитетен турнир за младите возрасни категории. Посебно се квалитетни составите во кадети, јуниори и постари јуниори. Бидејќи ова е последна проба и контрола пред официјалното европско првенство, кое треба да се одржи во Будимпешта Унгарија. Затоа во Хрватска допатуваа 22 национални репрезентации со своите комплетни пошироки состави. Ние освоивме две бронзени медали и поради тоа сме секако задоволни, изјави Заборски.
На турнирот учествуваа рекордни 1.930 натпреварувач од 268 клубови и 22 национални репрезентации.