Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, жали за преселбата на лондонскиот клуб од „Хајбери“.

– Во мое време се преселивме од „Хајбери“. Изгледаше како „Енфилд“, имаше душа во него. Изградивме нов стадион, но не ја најдовме нашата душа, ја оставивме на Хајбери, изјави Венгер.

Никогаш не би можеле да го пресоздадеме. Растојанието од теренот до трибините требаше да биде поголемо, бидејќи беше неопходно за минување на амбулантни возила, наколонот на трибините требаше да биде помала. Сите овие мали нешта придонесоа да не можеме да ја креираме душата, додаде Венгер во изјава за англиските медиуми.

Стадионот „Хајбери“ беше демолиран во 2006 година. Арсенал на него настапуваше од 1913 година. По уривањето, лондонскиот клуб се пресели на стадионот „Емирати“.