БЕСА нема да дадат поддршка за уставните измени ако нема предвремени избори. Формираа посебни оддели кои ќе детектираат слабости во институциите и актуелната власт и бараат да се седне на маса и да се направи консензус за клучните прашања.
Ако за власта приоритет е промената на Уставот и внесување на Бугарите како народ во него, тогаш мора да се направи компромис за предвремени избори. Мислам дека ако се има волја за да се решат проблемите и актуелните во делот на интегрирањето и економските и енергетските и за слабото менаџирање на институциите, се надевам дека можеме да се договориме и за уставни измени и за избори, вели Касами.
Доколку власта нема слух за излезе во пресрет на нивните барања, се најавуваат порадикални мерки.
Касами е подготвен за соработка со останатите опозициски партии. Вчера и новиот претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најави дека, веќе од утре почнуваат со континуирана кампања, се` додека не се одржат следните избори. Кампањата ќе биде врата на врата за, како што рече, да ги отворат вратите на партијата и да доближат што повеќе луѓе, посебно интелектуалци кои им се потребни за успешно функционирање на партијата.