Пратеникот Драган Ковачки на новинарско прашање поврзано со сместувањето на Назим Буши, заменик министер за внатрешни работи кое изнесувало 20.000 евра побара уште еднаш Буши да каже како успеал да го плати тоа ноќевање односно како ги стекнал тие пари.

Ковачки додаде дека ако пак Буши не го платил тоа сместување да се даде одговор кој е тој што го платил тоа сместување односно кој е интересот на тој што го платил тоа сместување.

-Секако дека ќе продолжиме да бараме одговорност. Господинот Назим Буши е владин функционер и тој како јавна личност мора да биде одговорен пред граѓаните. Мора да каже како со 20.000 евра си го платил тоа ноќевање, односно од каде ги стекнал тие пари и доколку тој не го платил, тогаш кој е тој што го платил тоа сместување односно кој е интересот на тој што го платил тоа сместување. Јавноста ги чека одговорите, рече Ковачки.