Коалициониот партнер на премиерот Зоран Заев, лидерот на Беса Биљал Касами, во интервју за ТВ21 во емисијата Клик плус изјави дека ако е за популизам тој ќе каже дека приватните компании треба да работат на правична застапеност, но дека во реалноста ситуацијата е друга.
-Дел од дипломираните Албанци не говорат македонски јазик, затоа приватните компании треба да спроведат двојазичност за да создадат еднакви услови при вработувањето на сите граѓани, потенцираше Касами .