Лидерот на БЕСА, Билал Касами, во полиција пријави дека еден пратеник од македонското Собрание е исчезнат, тврди порталот КУРИР.

Тој денес јавно го искажа ставот на Беса дека случувањата со пратеникот Кастриот Реџепи покажуваат дека оваа власт е подготвена на се за да остане во своите фотелји.

-Се додека тој не излезе дека овој став е негов и тоа е доброволно, јас како прв човек на Беса можам да се сомневам дека тој против својата волја го има декларирано тоа што го има декларирано и не може да дојде во Собрание да ја искаже својата политичка позиција. Од вчера не сме контактирале со него, истакна Касами.

За својата информација, КУРИР се обратил и до МВР, но засега нема повратна информација!