Поранешниот шпански репрезентативец Икер Касиљас смета дека Кристијано Роналдо не заслужува да ја освои „Златната топка“ оваа година.
Португалецот е повторно кандидат за наградата, заедно со вечниот противник Лионел Меси и дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој е во одлична форма.
Кристијано има пет „Златни топки“ на своја сметка, но според неговиот поранешен соиграч во Реал Мадрид, би било нелогично ако Роналдо победи и оваа година.
– Ван Дајк е избран за најдобар фудбалер на УЕФА, додека Меси е избран од ФИФА. Ако Кристијано Роналдо ја освои „Златната топка“, за мене, насоките што ги користиме за да утврдиме кој ја освојува најголемата индивидуална награди во фудбалот, нема да ми изгледаат логично, напиша Касиљас на социјалните медиуми.