Касписките земји потпишаа денеска конвенција за правниот статус на Каспиското Море, за што меѓу тие држави се разговарало повеќе од две децении.
Лидерите на Русија, Азербејџан, Казахстан и Туркменистан и Иран го потпишаа документот во казахстанскиот град Актау, каде започна петтиот Касписки самит.
Рускиот претседател Владимир Путин порача пред потпишувањето дека решавањето на правниот статус на Каспиското Море ќе создаде услови за блиска соработка.
Тој, исто така, побара и поголема соработка на Касписките земји за спречување на тероризмот и трговијата со дрога.