Изет Меџити, Блерим Беџети и Кастриот Реџепи викендов на своите фејсбук-профили објавија заедничка фотографија која ја насловија „заедно“.

Пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, во изјава за ТВ21 потврди дека пратеникот Кастриот Реџепи ќе се приклучи на пратеничката група на ДУИ во Собранието.

Една фотографија е еднаква на 1.000 збора. Пораката е јасна. Да, ќе дејствува со пратеничката група на ДУИ, порача Меџити.

ТВ21 го контактираше и пратеникот Кастриот Реџепи, но тој рече дека по четврток ќе биде достапен за медиумите.

Реџепи до сега функционираше како независен пратеник во Собранието, по исклучувањето од Движењето Беса.

Истакнатите членови на ДУИ, инаку дел од т.н. „огнена група“, Меџити (пратеник) и Беџети (актуелен градоначалник на Сарај) се потписници на писмото во кое бараа смена на Артан Груби и промени во партијата.