Каталонскиот парламент денеска го избра 55-годишниот Ким Тора за претседател на Владата на Каталонија. Тора е избран откако антикапиталистичката партија ЦУП се воздржа од гласање, па новиот премиер доби 66 од вкупно 135 гласови во регионалниот парламент во Барселона.
Против гласаа 65 пратеници, кои не ја поддржуваат независноста на Каталонија и се лојални на Мадрид.
– Сакам да му се заблагодарам на Карлес Пуџдемон на великодушноста и одговорноста. Повторно ќе го избереме на ова место. Да ќивее слободна Каталонија!- истакна Тора во својот говор.
Со тоа, во Барселона е завршен вториот круг на гласање во кој четворица претставници на ЦУП го отвори патот за избор на Тора, откако во петокот во првиот круг на гласање не доби доволен број на гласови.
– ЦУП (Кандидатура на народно единство) нема да го блокира формирањето на новата влада. Но, со тоа не гарантираме опстанок на Владата, бидејќи ќе бидеме активна опозиција во текот на нејзиниот мандат, соопштија од оваа партија.