Каталонската регионална влада донесе одлука да се отворат одново шест од претставништвата во странство, кои беа затворени од Мадрид по референдумот за независност на Каталонија.

Портпарол на каталонската Влада изјави дека ќе бидат отворени претставништвата во Обединетото Кралство, Германија, Франција, Италија, Швајцарија и САД. Во изминатгите месеци функционираше единствено претставништвото во Брисел.

Извор од таа влада вели дека наскоро ќе биде отворено претставништво во скандинавска држава и ќе се прошири мрежата во други европски држави,на Блискиот Исток, Африка, Азија и Јужна Америка.

По 27 октомври лани, шпанската Влада затвори десет од вкупно 11 странски претставништва на каталонската Влада.