Агенцијата АП објави дека новинарот, албански државјанин Неби Чена, бил спречен да известува за посетата на британскиот принц Вилијам во резиденцијата на израелскиот премиер.

Новинарот бил спречен да известува, бидејќи израелски безбедносни агенти го испрашувале за неговата верска и етничка припадност.

Чена, главен телевизиски продуцент на АП за Израел и на Палестинските територии, бил задржан на влезот во резиденцијата  45 минути, поради што ја пропуштил средбата на Бенјамин Нетанјаху и принцот Вилијам, додека други новинари можеле да влезат.

Тој тврди дека обезбедувањето повеќе пати го прашало за неговото „етничко потекло”.

Чена работи за АП 10 години, од кои три во Ерусалим.

Кабинетот на Нетанјаху подоцна се извини, наведувајќи тоа е „човечка грешка”.