Каталонското дерби меѓу Жирона и Барселона ќе стане првиот натпревар во историјата на шпанското фудбалско првенство, кој се одиграл надвор од границите на земјата.
Средбата меѓу двата тима од 21-то коло на шампионатот ќе се одржи на 27 јануари следната година на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, пренесе Sport.es.
Одлуката на управата на Ла Лига е последица од потпишаниот во средината на минатиот месец договор со компанијата „Relevent“ за популаризација на шпанскиот фудбал во Северна Америка, кој е за период од 15 години.
Според клаузулата од договорот, барем еден натпревар од Шпанскиот шампионат ќе се игра на територијата на САД. Од Жирона се согласија, но договорија надомест за околу 1.500 сопственици на сезонски карти за домашните натпревари на тимот, кои ќе добијат бесплатни авионски билети за Мајами, како и едно бесплатно ноќевање во хотел на Флорида.