Пелегрини ќе земе 15 милиони фунти ако Вест Хем го отпушти

/ 04.09.2018
Отпуштањето на менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини може да го чини клубот сериозна сума, објавија британските медиуми.
Според „Тајмс“, износот на компензацијата предвиден во договорот изнесува 15 милиони фунти. При потпишувањето на договорот, клубот не можеше да постигне договор за отстранување на оваа точка. Доколку страните не постигнат договор за понизок надоместок, компензацијата ќе мора целосно да се исплати.
Вест Хем ги изгуби сите четири натпревари од почетокот на сезоната во Премиер Лигата и се наоѓа на последното место. Во моментов, стратегот од Чиле останува на чело на тимот.

Од истата категорија