Со дуелите меѓу Мароко и Португалија (16 часот) и Франција против Англија (20 часот) денеска завршува четвртфиналната фаза по што ќе бидат познати сите полуфиналисти на Светското првенство во Катар.
Пласман меѓу најдобрите четири репрезентации вчера обезбедија Хрватска и Аргентина.
Хрватска го совлада Бразил на пенали со 4-2, откако дуелот по регуларниот дел и продолженијата заврши 1-1.
Со подобро изведување пенали пласман обезбеди и Аргентина со 4-3 (2-2,1-0).
Полуфиналето меѓу Хрватска и Аргентина е на програмата во вторник од 20 часот во Лусаил.