Францускиот голман Уго Лорис изјави пред денешниот четвртфинален дуел против Англија на Мундијалот во Катар дека неговиот тим го очекува дуел против исклучително силен противник.

Англија е амбициозна земја, дојдоа тука да го освојат Светското првенство. Ќе биде тоа тежок натпревар, а на нас останува да сториме сè што е во наша моќ да победиме. Англија направи голем напредок и верувам дека овој тим созрева и се подготвува за освојување трофеи“, изјави Лорис.

Дуелот меѓу Франција и Англија се игра вечерва од 20 часот на стадионот „Ал Бајт“ во Ал Кор.

Победникот во полуфиналето на Мундијалот во Катар ќе игра против поуспешниот од дуелот меѓу Мароко и Португалија, кој ќе се игра попладнево со почеток во 16 часот.