Властите на Катар им наредија на продавниците во земјата од своите рафтови да ги повлечат сите стоки прозведени во Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин.

Станува збор за четирите арапски земји, кои на 5 јуни минатата година ги прекинаа дипломатските односи со Катар и воведоа санкции кон земјата, обвинувајќи ја за поддршка на тероризмот и на исламскиот екстремизам.

Наредбата е објавена само неколку дена пред годишнината од ланските мерки на четирите земји.

Катарското Министерство за економија соопши дека во следните денови негови инспектори ќе започнат со контроли по продавниците, за да проверат дали се почитува наредбата. с