Според последниот извештај од Регисарот на цени и недвижни на македонскиот Катастар во државата во купопродажби и закупи води општина Аеродром, а веднаш зад неа се наоѓаат Центар и Карпош. Ова се податоци од вторито квартал, кој бележи раст на трансакциите/купопродажби и закупи за 7,9% во споредба со минатиот квартал од истата година.
Аеродром има 600 купопродажби и закупи, Центар 571, третопласираниот Карпош 486. Во врвот се и Гази Баба, Битола, Кислеа Вода и Куманово, а најмалку активности на планот на недвижнините во Македонија има во Вевчани и Новаци каде се остварени по 3 трансакции во истиот период.
Целиот Извештај погледнете го на следниот ЛИНК:
https://www.katastar.gov.mk/wp-content/uploads/Tekovni%20proekti/Izvestaj_od_registar_na_ceni_01_04_2026_Q2.pdf





