Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз од Ерменија на денешниот натпревар кој заврши пред неколку минути. Избраниците на селекторот Ангеловки се поразени со 4:0 по две катастрофални грешки на одбраната, но и со недосуден пенал во наша полза од страна на шведскиот судија при водство на Ерменија од 1:0.
Сепак, и покрај чудните судски одлуки, нашата репрезентација не беше на ниво од претходните натпревари. Ова е прв пораз на нашата репрезентација по јуни минатта година кога загубивме од Шпанија со 2:1. После тоа одигравме десет натпревари и ниту еднаш не бевме поразени.
Головите ги постигнаа Пизели во 12 минута, Мовсисјан во 67 минута, Газарјан во 81 минута и Митарјан во продолжението од 4 минути.