Најмалку 21 лице, меѓу кои жени и деца, загинаа во последните 48 часа, во поплавите во Ирак, соопшти Министерството за здравство. Поради временската непогода десетици илјади беа евакуирани.
Жртвите загинале при уривање на куќи, сообраќајни инциденти и електрични удари, предизвикани од поплавите од кои неколку дена се погодени северните ирачки провинции.
Премиерот на Ирак Адел Абдел Махди соопшти дека е формирана кризна група, која ги обединува претставниците на локалните власти и војската, помогнати од хеликоптери и градежни машини.