Во последните 24 часа се направени 904 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, од кои 7 во Охрид и 10 во Струга, информира Министерството за здравство.

Од новооткриените, по правило најмногу случаи има во Скопје 57. Во Охирд – 7, во Струга – 10, Куманово – 4, Штип – 13, Тетово – 6, Кавадарци – 1, Гостивар – 8, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 1, Кратово – 2, Свети Николе – 12, Кичево – 4.

Починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево.

Во меѓувреме Институтот за јавно здравје регистрирал 83 оздравени лица.

Досега во земјата се направени вкупно 85.820 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9153, бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921.