Судијата на претходна постапка и одредил на осомничената Катица Јанева притвор во траење од 30 денови.
Јанева доби притвор како третоосомничена во случајот „Рекет”.
Според изјавата на обвинителката Рускоска, вечерва таа и бранителот на Јанева, Павлески, се изјаснувале само по мерката притвор.
Според Рускоска, постои судир на интереси кај бранителот на Јанева, Павлескии таа побарала тоа да се реши.
Рускоска не одговори на прашањето дали ЈО има и други снимки освен тие кои ги објави „Ла Верита“.
На прашањето дали постојат и други бизнисмени кои пријавиле, таа рече постои само еден, со кого таа разговарале, но не појасни дали мисли за Орце Камчев и за овој предмет или за некој друг.
На прашањето што се сменило од вчера, кога Јанева беше повикана само како сведок, Рускокса одговори дека сметала дека треба да и даде шанса „на колешката“ да го искаже своето мислење.