Католичката црква во Шпанија призна јавно денеска дека свештеници и други црковни службеници сексуално злоставувале малолетници.
Католичката црква во Шпанија сака да ги „искорени” случаите на сексуална злоупотреба на малолетници во црквата и да не ги прикрива, рече претседателот на конференцијата на шпанските епископи.
– Црквата отворено препознава случаи на злоупотреба од различна природа и презема цврста одлука за нивно искоренување, рече кардиналот Рикардо Бласкез Перез од Ваљадолид, претседател на конференцијата на шпанските бискупи, на собирот на епископи во Мадрид.
-Злоупотребата не треба да се прикрива ниту треба за неа да се даде погрешен одговор, додаде тој.