Челници на Католичката црква во Тексас идентификуваа околу 300 свештеници и останати обвинети за сексуално злоставување деца. Тоа е една од најголемите групи кои Црквата ги открива додека се соочува со државни и сојузни истраги за свое дејствување со децении со обвинувања за сексуални нечовечки дела на свештеници.

Имиња на интернет досега објавија 15 бискупии откако големата порота во Пенсилванија во август објави извештај во кој детално се изнесуваат седум децении злоставување деца извршени од околу 300 свештеници.

Околу 30 отсто жители на Тексас односно 8,5 милиони се изјасниле како католици што една од најголемите стапки во некоја сојузна држава во САД.

Дел од бискупиите објавија попис на свештеници обвинети за злоставување деца дури од 1940-те. Најголем дел од нив се починати.