Голем дефект на водоводната линија се случи попладнево во Кавадарци, поради што две третини од кавадарчани се без вода за пиење.
Пандорка Димитриева Крстевска, референт за односи со јавноста при ЈП Комуналец, информираше за МИА дека дефектот е на цевка фи 450 од главната водоводна линија.
-Станува збор за ниска и средна зона, што значи дека вода ќе има само во висока зона. Без вода се централното градско подрачје, но и селата Росоман, Марена и Глишиќ и дел од Ваташа, појасни таа.
Се очекува дефектот да биде отстранет до 22 часот.