Виртуозот на електронска музика, Моби ѝ се извини на глумицата Натали Портман затоа што ја спомнал во својата автобиографија.
Моби (53), чие вистинско име е Ричард Мелвил Хол, прво во книгата, а потоа и на Инстаграм двапати настојуваше дека пред 20 години бил во врска со глумицата, кога таа имала помалку од 20, а тој 33 години. Таа по тој повод изјави дека „неговото сеќавање е како на чуден постар човек кој кон неа се поставил прилично морничаво“
– Како што минува времето, сфаќам дека многу од критиките за моите пишувања за Натали во мојата автобиографија „Then It Fell Apart“, се издржани. Исто така, потполно признавам дека направив превид затоа што не ѝ кажав предвреме дека ќе ја спомнам во мојата книга, и беше исто толку неодговорно од моја страна што не ја почитував нејзината реакција. Многу ја почитувам Натали, поради нејзината интелигенција, креативност, како и активноста за заштита на правата на животните и жалам што можеби ја вознемирив неа или нејзиното семејство, напиша Моби на Инстаграм.
На крај, тој ѝ се извини на глумицата, но и на читателите за тоа што претходно не им кажал што ќе пишува во книгата.