Овој сув колач е идеален да го послужите со филџан црно кафе или, пак, чаша ароматичен чај…

Потребно е:
130 г растопен путер
4 јајца
150 г шеќер
2 кесички ванилин шеќер
60 г суво овошје
60 г суви брусници
120 г брашно
1 лажиче прашок за печиво
шеќер во прав, за посипување
малку путер, за премачкување

Подготовка:
– Во еден сад пенесто изматете ги јајцата со шеќерот. Постепено додадете ги и другите состојки со постојано матење.

– На крај додадете го и сувото овошје и полека измешајте со дрвена лажица.

– Округол калап за куглов со отвор во средина премачкајте го со путер и сипете ја подготвената смеса.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 Целзиусови степени околу 30 минути.

– Пред да го послужите посипете го со шеќер во прав.