Јавното обвинителство во Тетово до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против 40-годишен тетовец, кој се товари за повреда на угледот на странска држава.
– Со коментар со вулгарна и навредувачка содржина на социјалната мрежа Фејсбук, на 12.04.2022 година, обвинетиот ја изложил на подбив тогашната амбасадорка на САД во земјава и на тој начин го сторил кривичното дело, велат од Обвинителството.
Јавен обвинител до Основниот суд во Тетово предложил тетовец да биде казнет со парична казна од 100 дневни глоби.