Прилогот е на РТЛ Хрватска, од 8 август 2021 година. Новинарката се обидела да дознае колу пациенти со две дози вакцина (во Хрватска се примаат само западните вакцини) починале, а од Клиниката болница Дубрава, одговорот бил: Осум!
Нормално, пота следи објаснување дека тоа биле лица со коморбидитети, па објаснување од нивното центар за јавно здравје дека они не ги добиле тие податоци, па затоа велат дека нема починати кои примиле две дози, и дека можеби тие луѓе починале со корона, а не од корона (што е манипулација, бидејќи досега не се водеше таква поделба). Како и да е, ова е целиот прилог на РТЛ, а во изјавата лекарката од Дубрава вели:
Тоа се главно пациенти со тешки коморбидитети и постара возраст, вели инфектолог од КБ Дубрава Речиси нема повеќе пациенти со корона во клиничката болница Дубрава. Досега се третирани повеќе од 6.180. Меѓу нив, 190 се хоспитализирани и примиле барем една доза од вакцината. “Имавме и смртни случаи меѓу нив. Ова се претежно пациенти со тешки коморбидитети и постара возраст. Најмладиот имаше 65 години. Имаше вкупно осум од нив кои примаа две дози”, вели инфектологот од КБ Дубрава Николина Бусиќ.
Објансувањето од центарот за јавно здравје на Хрватска е на следниот линк.