НАТО не е обврзан да и дава одбранбена помош на Украина, бидејќи таа земја не е членка на алијансата, вели постојаниот претставник на Германија во НАТО, Ридигер Кениг.

Тој во интервју за германскиот весник Шпигел рече дека нема колективни обврски што би значеле „дека сите ќе (мора да) и помогнеме на Украина да се одбрани“.

– Во никој случај не сакаме НАТО директно да учествува во оваа војна, рече Кениг, како одговор на коментарот дека претседателот Володимир Зеленски постојано барал помош.

Според дипломатот, во спротивно „може да започне голема војна во која ќе бидат вклучени 30 земји одеднаш“.