Јованка КЕПЕСКА

Македонија твоја ја разбирам како слободно дејствување и творење на секој поединец. Согласно на што се подразбира и како дијалог на поединецот и државата за вистината на работите.

Затоа дури вистинскиот дијалог вистински ги поврзува луѓето и ја прави поврзаноста во нацијата. Дијалогот ја создава комуникацијата што всушност демократијата. Фактички напорот да се дојде до вистината. Затоа што до вистината се доваѓа преку спротивставувањето на различните мислења. Притоа гледањата не остануваат нерасчистени.

Дијалогот според Аристотел се води така што кај соговорникот се пронајдуваат противречностите во мислењето за да се надминат. Оттаму мислењата се различни но вистините не остануваат паралелни туку по еден пат настанува расчистување на несоответните (неживотните) ставови за да се дојде до вистината. Што значи разговорот настанува поради различните сфаќања кои се расчистуваат на патот на вистината.

Демократијата ја има таа смисла во функционирањето на општеството. За да можеда го организира.

Оттаму „твоја Македонија“ е дело на сите и во осмислувањето и во организирањето на општеството. И во тоа е смислата на полната демократија. Нејзината смисла е во продуктивното внатрешно функционирање на општеството. Таа е „процедура“, според сфаќањето што претставува таа. Став на секој поединец спрема општеството. На секоја институција со општеството. На секоја партија со партија. На аргумент со аргумент!

Некогаш се говореше „на книга со книга“. Но таа е, крајно, целовит внатрешен процес .