За едно ремек дело на Кочо Рацин
„Македонската народна песна“
Приредила Јованка КЕПЕСКА
Македонската народна песна во културата од светски размери се смета за посебна, исклучителна. Како за преубава и за преавтентична. За неа многу се говори но мислењето за неа останува неподелено. Кочо Рацин, на неговиот несподелен филозофски – научен приод говори за македонската народна песна, говори за нејзиното значење. Така, согласно културолошките ставови за почитување на врвните вредности, македонската народна песна ја поредува во рангот на највисоките културни постигнувања на други народи. Ја наведува рамно со Гетеовиот Фауст, Бетовеновата музика и Хамлет.
Затоа да го пренесеме неговиот исклучителен есеј, што и самиот е ремек дело, за македонската народна песна.
„Песната ѝ е проста…“
Има нешто во Македонија за кое може да се зборува многу и дасе пишува со наслада и радост. А тоа е македонската народна песна. За она што ги интересира специјалистите би можел да зборува еден музичар, еден добар познавач на тоа прашање. Таков музичар ќе о коа ближен човекга ние ја слушаме таа песна со сочувство, ни се чини како познат вик, како повик на ближен човек што на нашите жици ги произведува истите треперења. За нас што ја слушаме музиката, внесувајќи се во неа и преживувајќи ја, нашата народна песна и не стигнува до разумот. Таа одеднаш го погодува срцето, зашто од него и изникналаДали пееме кога се радуваме или кога сме тажни? Не може да се одговори на тоа прашање. За сето тоа би можело да се дискутира, само не за потајното дејство на музиката врз нашата душа, за раскривањето на светови, за проникнување во животот до неговите најсуптилни лавиринти преку неа.
Кога се пеат македонските песни, еден силен, чирок бран, полн со неисцрпна мака и она што требало да се премолчи, ни ја преплавува душата. Во нас воскреснуваат изминатите дни, тиха жалба и најсокровените чувства на нашето срце. Сето она што можело во животот слободно да се каже, сето она што морало да се преживее во себе, го нашло своето место во песната. Во македонската песна е скриена тагата на мајката, потемнета од жалост, пресвиткана на огништето каде што огнот нечујно гасне, скриен безнадежниот глас на ветерот што полека замира во оџакот, скриени се непоимливите моменти на љубовта, растреперените радости,тихиот шепот на расцутените нарциси в поле и екотот на белите столетни букови стебла. Која анализа, макар била таа и од најопитен мајстор, би можела да ги најде проткаени во песната? Само увото и срцето на оние што ги преживеале ќе можат да ја дочараат таа потајна, скриена убавина.
Песната на Македонија е нејзина молитва, огледало на нејзината душа и нејзината воздишка. Македонија не создала сложени инструменти. Не измислила инструменти како што е клавирот, така сложен и богат. Таа нема сонати и синфонии. Песната ѝ е проста, проткаена со многу тага, со едно трогливо спокојство во кое има и плач и мака, но и надеж. Нема потрогливи моменти, моменти што се граничат со екстаза како кога набраната мака, длабока и интензивна, ќе се одухотвори од раката на свирачот на проста тамбура или кавал. На клавир,на тој толку богат и така прекрасен инструмент, преживувањето станува уметнички обогатено од боите на многу тонови. Виртуозот ќе му даде од своето мајсторство, ќе го препушти низ призмата на својот живот. Народниот поет, меѓутоа, ќе го испее просто, далеку непосредно, со нерасипана и исконска чистота.