Сопругата на поранешниот пратеник на Народен фронт, Ихор Котвицки, Анастасија Котвицка се обидела да пренесе 28 милиони долари и 1,3 милиони евра или речиси 30 милиони долари во торби од Украина.

Таа била запрена на границата во Унгарија и приведена, пишува Интерфакс.

– Според оперативните информации, цариниците ја фатиле како шверцува 28 милиони долари и 1,3 милиони евра преку државната граница, на контролниот пункт Вилок во Унгарија. Парите биле во куфери без декларација и надвор од царинските прописи, се вели во објавата на Интерфакс.

Согласно украинските закони за ова дело е предвидена казна е од три до шест години затвор.

Додека медиумите објавуваат вести за страдањето на народот во Украина, стигнуваат вести и за бекства од оваа земја на лица од власта или блиски до истата, кои придонесоа за трагедијата што им се случува на граѓаните на оваа земја.