Карате федерацијата на Македонија ќе биде меѓу најбројните делегации на претстојниот олимписки квалификациски турнир за олимписките игри во Токио, што ќе се одржи од 11-13 јуни во Париз, Франција. КФМ има свои репрезенти во сите категории во борби во машка и во женска конкуренција, како и во кати за жени.
– Нашите најдобри каратисти го заслужија тоа со пласманот меѓу 100 најдобри во своите категории на ранг листата на Светската карате федерација (WKF). КФМ во изминатиот олимписки циклус заврши со тројца олимписки стипендисти меѓу кои се двојниот европски шампион и освојувач на две златни медали на премиер лигите Емил Павлов, европскиот вицешампион и медитерански првак Берат Јакупи и Пулексенија Јованоска, која двапати беше петта на европски првенства. Петто место на сениорско европско има и Ангела Мојсовска, а седмо Симона Заборска, додека Петар Заборски и Вероника Костовска се поранешни европски медалисти во помлади категории.
Конкуренцијата ќе биде најсилна досега, затоа што светската елита е поделена во три олимписки категории, од кои пласман на Олимпијадата ќе обезбедат само носителите на златен, сребрен и бронзен медал. Летните олимписки игри ќе се одржат во Токио од 23 јули до 08 август, соопштија од КФМ.
На овој Квалификациски турнир ќе настапат 495 натпреварувачи од 98 земји.