Кичеец денеска ќе се јави на издржување на казната затвор

/ 12.10.2020

Зоран Милески-Кичеец, осуден во случајот „Рекет” кој призна вина и доби затворска казна од три години за ТВ 24, потврди дека денеска ќе се пријави во затвор.

– Ќе се јавам на издржување на казната, барање за одлагање не сум поднел – вели Кичеец за ТВ 24.

Судија за извршување санкции одлучи 12 октомври, денеска, да биде неговиот термин за сам да се јави во затворското оделение во Шутка.

Милески на стартот на процесот призна вина по што веднаш ја доби и пресудата. Освен Кичеец, во истиот процес на седумгодишна затворска казна е осудена и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и на девет годишна затворска казна неформалниот соспственик на поранешната 1ТВ, Бојан Јовановски попознат како Боки 13.


Од истата категорија