Зорен Милески Кичеец од притворското оделение во затворот Шуто Оризари вечерва е транспортиран во затворот во Струга.
Тој е вратен во струшкиот затвор за издржување на веќе изречената казна за случајот „Рекет“ во кој ја призна вината.
Гостиварскиот Апелационен суд доцна попладнево го укина 30 дневниот притвор. Кичеец беше осомничен дека предизвикал сообраќајна несреќа близу Стража. Несреќата се случи минатата сабота при што загина 34 годишен гостиварец.
Истрагата утврдила дека Кичеец додека бил на прекин од издржување на затворската казна, возел кон Скопје, но на патот Кичево – Гостивар претекнувал на полна линија, по што дошло до судирот меѓу неговиот и уште два автомобили.
Притворот е укинат предвреме, а Кичеец е вратен во струшкиот затвор, од каде беше излезе во контрадикторни
околности.
Според директорот на затворот поради негови здравствени проблеми, а според Управата за санкции поради проблеми на мајка му.