Зетот и дел од гостите од свадба во Кичево се заразиле со коронавирус, но во епидемиолошките прашалници никој не ја споменал свадбената веселба, објави Слободен печат.
Невестата е наведена како контакт на позитивниот сопруг, а позитивна била и сопругата на братот на младоженецот. Свадбата се одржала во стан, минатиот викенд, а на истата имало најмалку 30 луѓе во приватниот стан. А Кичево, како што наведува весникот, иако град во кој секој со секого се знае, ја нема регистрирано оваа церемонија како можен настан од кој се инфицирале барем двајца, а можно е и повеќе лица.
Центарот за јавно здравје Битола, кој е надлежен и за овој град, вчера регистрираше 18 новозаразени во Кичево, што претставува рекорд за градот.
Целиот текст за кичевската приказна е објавен на електронското издание на Слободен печат.