Државјанин на Република Македонија бил киднапиран и убиен заедно со уште двајца странци кои работеле за меѓународна компанија за храна во главниот град на Авганистан, Кабул.

– Индиски, малезиски и македонски државјанин беа киднапирани и убиени, а ги пронајдовме нивните тела, изјави денеска Хашмат Станекаи, портпаролот на началникот на на полицијата.

Нивните лични карти биле пронајдени покрај телата и сега се бара потврда од фирмата каде што работеле

Портпаролот прецизира дека тројцата работеле во втората по големина компанија за храна и кетеринг во светот Содексо.