Според Георги Баждаров македонското население во Костурско зело масовно учество во големото Илинденско востание, давајќи најмногу борци во востанието, но и претрпувајчи најголеми страдања и  загуби. За разлика од другите реони, каде што востаничките акции траеле само неколку дена или максимум две недели, во костурско Илинденското востание траело близу три месеци, без да биде задушено, односно воените дејства се прекинати на 14 октомври по заповед на Главниот востанички штаб.

Значи, за разлика од акциите во Крушево, на пример, каде што востаниците претрпуваат пораз по десет дена и мора да прифатат капитулација, востаниците на Чакаларов во Костурско воделе партизанска  војна, која ја прекинуваат самите. До 14 октомври, кога Главниот востанички штаб донесува одлука за престанување на воените дејства, борците учествуваат во 17 битки во кои 4170 востаници се судриле со 30.360 турски војници. Убиени и ранети се 83 востаници и 513 турски војници. До прекинот на борбите биле запалени 2750 куќи или околу двасет и седум отсто од вкупниот број куќи во костурско. Без свој дом останале  15.650 души а животот го загубиле 413 луѓе убиени во одмазнички турски акции по селата. Со тоа, костурчани даваат најмасовен белег на Илинденското востание. Нивната борба траела најдолго и со најголем број жртви. Сдубината на таа нивна борба била таква што денес се речиси заборавени.