И двајцата почнаа да ме бараат. Власта исто ме бараше. Но наместо тие да ме фатат, јас го фатив брат ми и со измама го донесов кај Татарчев каде го држев преку ден. За тоа што се случи го известив Дамјан Груев. Како Груев, така и д-р Татарчев кои беа членови на Централниот комитет, не можеа да дадат дозвола за ликвидирање на брат ми. Поради тоа, им предложив јас да го отстранам. Ако го пуштам, им реков, за мене тука веќе нема место. Тие се согласија со мене и ми рекоа: Прави како што мислиш дека е најдобро.

Направивме план. „Земи три лири и дај и ги на мајка кога ќе стигнеш во Велес“, му реков. Го испративме скромно, со други луѓе. Го беа облекле во нова облека. Ајде, те водиме на друго место, му кажале. По убиството, веднаш му соопштиле на Даме и тој почна да ми се извинува. Јас му одговорив: Што, да се јадосуваме за еден човек кој се изгубил? Ако јас правам штета и мене треба да ме убиете?

Оттогаш, бев човек со голема доверба. Средбите веќе не ги одржував со Тано Мурџиев туку директно и лично (со Даме Груев)