Специјалното обвинителство во Хаг им поднело на специјалните совети на Косово на испитување обвинение во десет точки, со кое претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели и други лица се обвинети за злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително убиство, прогони и тортура, јаува српската ТВ Н1.
Во обвинението се наведува дека Тачи, Весели и другите осомничени сносат кривична одговорност за речиси 100 убиства.
„Жртвите на кривичните дела од обвинението се стотина лица чиј идентитет е познат и меѓу кои се косовски Албанцви, Срби, Роми и лица од други националности, како и политички противници. Обвинението е резултат на долготрајни истраги и го одразува уверувањето на обвинителството дека може да ги докаже точките на обвинението“, се наведува во соопштението ан Специјалното обвинителство.
Судијата за претхпдна постапка на Специјалните совети на Косово го испитува обвинението, по што ќе реши дали ќе го потврди.
Како што се наведува во соопштението, обвинителот сметал дека е неопходно за обвинението да издаде соопштение поради континуираните напори на Тачи и Весели да ја попречуваат работата на специјалните совети.
„Тачи и Весели спроведоа тајна кампања за да се укине законот со кој Специјалните совети се основани како суд, и на друг начин да ја опструираат работата на советите, а со цел да не бидат изведени пред лицето на правдата. Со тие постапки Тачи и Весели покажаа дека личните интереси им се поважни од жртвите на нивните злосторства“, се наведиува во соопштението.