Украинскиот амбасадор во Србија, Олександар Александрович изјави дека Украина не ја поддржува трансформација на Косовските бебзедносни сили во Војска на Косово, но во исто време е и незадоволна поради тоа што вчера во Генералното собрание на ОН, Белград „гласаше против Украина“.
– Не го поддржуваме формирањето на Косовската војска, бидејќи не го признаваме Косово како независна држава. Треба да се почитува Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, изјави Александрович, додавајќи дека дека ваквиот став произлегува од официјалната позиција на Украина дека не ја признава „едностраната независност на Косово“ и дека „Косово е суверен дел од Србија“.
Во исто време, тој на прес-конференција во Белград изрази жалење затоа што Србија вчера повторно „гласала против Украина“ во Генералното собрание на ОН.
Србија беше една од 19-те земји кои гласаа против резолуцијата, поднесена од Украина, против, како што нагласи амбасадорот, „милитаризацијата на Крим и на Азовското и Црно Море“.
– Србија можеше барем да се спротивстави, рече Александрович.
Резолуцијата, во која се наведува дека присуството на руската армија на Крим е во спротивност со националниот суверенитет, политичката независност и територијалниот интегритет на Украина и се осудува Русија за изградбата на мост преку Керчинскиот Теснец, беше усвоена со гласовите на 66 земји.
– За жал, не ни е јасен,потегот на Србија. А ние гласавме против членството на Косово во Интерпол, рече Александрович.